Анимираниот хит „К-поп ловци на демони“, кој стана најгледаниот филм во историјата на Нетфликс, официјално добива продолжение. Филмот, кој премиерно беше прикажан во 2025 година, урна рекорди на гледаност и привлече глобална публика, со стотици милиони прегледи ширум светот.
Успехот не се должи само на приказната, туку и на уникатниот спој на К-поп култура, анимација и акција. Приказната ги следи трите членки на фиктивната група HUNTR/X, кои водат двоен живот – како светски поп-ѕвезди и како тајни ловци на демони.
Нетфликс веќе потврди дека работи на продолжение, кое повторно ќе го води оригиналниот креативен тим. Новиот дел ќе ја прошири приказната, со фокус на ликовите и неразјаснетите моменти од првиот филм, што дополнително го зголемува интересот кај фановите.
Иако точен датум на премиера сè уште нема, се очекува проектот да биде амбициозен и продукциски захтевен, па можно е продолжението да пристигне дури за неколку години.
Оригиналниот филм не само што постави рекорди на стриминг-платформата, туку остави силен културен и музички печат, со хитови што се искачија на светските топ-листи.
Со оглед на огромната популарност, продолжението на „К-поп ловци на демони“ веќе се смета за еден од најочекуваните проекти на Нетфликс во наредниот период.






