Никола Маџиров со прва книга за деца

Новата сликовница „Рокчето“ од познатиот поет Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска, ќе биде промовирана утревечер, во 19 часот, во новата книжарница „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ на првиот кат. Книгата ќе ја промовираат Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски.

„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведувани современи македонски поети во светот. Зачувувајќи ја својата препознатлива поетичка нишка, Маџиров напишал авторска бајка според истоимената приказна од струмичкиот крај собрана од фолклористот Иван Котев. Во неа, Маџиров еднакво е и поет и раскажувач.

Никола Маџиров (1973) е еден од најпознатите и најпреведувани поети од Македонија. Досега има објавено десетина книги на македонски јазик, вклучувајќи ги и изборите поезија, а уште толку има објавено во земјите во странство.

Претходна вестБензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари за литар
Следна вестМакедонскиот атлетичар Ивановски втор на полумаратонот во Мајами