Темен режим Режим на светлина

Николоски со јасна порака: Автопатот Охрид–Кичево ќе биде завршен во предвидениот рок

Николоски со јасна порака: Автопатот Охрид–Кичево ќе биде завршен во предвидениот рок Николоски со јасна порака: Автопатот Охрид–Кичево ќе биде завршен во предвидениот рок

Министерот за транспорт Александар Николоски преку социјалните мрежи реагираше на изјавите на одредени синдикални претставници во врска со реализацијата на автопатот Охрид – Кичево, отфрлајќи ги нивните тврдења како манипулации.

Николоски истакна дека се шират невистини за цената на проектот и роковите за негово завршување, нагласувајќи дека автопатот ќе биде готов навреме.

„Самопрогласени „синдикални лидери“ шират невистини, лаги и манипулации за изградбата на автопатот Охрид – Кичево.

Ќе чинел милијарда евра, никогаш немало да се заврши и слични небулози.

Без ни еден факт! Нула!!!

Ама да се каже нешто…

Нека не го замајуваат народот.

За нивна жал, а за среќа на народот, автопатот ќе се заврши во предвидениот рок!

Точно е дека Владата на СДСМ и ДУИ, по која очигледно жалат, камче не стави 7 години, ама точно е дека оваа Влада на Hristijan Mickoski работи деноноќно.

Потврда за тоа е што во моментов си заминувам од Министерство за транспорт, во недела во 21 часот. Последен состанок беше за автопатот Охрид – Кичево.

Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме“, стои во објавата на Николоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Македонија на врвот: Охридското Езеро број 1 во Европа

Македонија на врвот: Охридското Езеро број 1 во Европа

Следна објава
Скудетото е во Милано: Интер ја освои титулата

Скудетото е во Милано: Интер ја освои титулата