Македонските одбојкари и по вор пат се поразени од селекцијата на Бугарија во контролните натпревари одиграни во Скопје.
Откако во првиот меч нашите одбојкари пропуштија водство од 2:0 во сетови, но и три меч топки во решавачкиот петти сети, па го згубија мечот со 2:3, денеска речиси на ист начин гостите славеа со 1:3 во сетови.
Првиот сет го добија нашите одбојкари со 25-17, но следните три им припаднаа на бугарските одбојкари и тоа со 25-18 и на два пати со 25-22.
Овие два меча, како и следните два со истиот противник што ќе се играат во Софија на 5 и 6 јануари, ќе им послужант на нашите одбојкари да ја темпираат формата за најважното.
Тоа се квалификациските натпревари во Скопје од 11 до 16 јануари, во кои нашите одбојкари во дуелите против Турција и Б