Алиоски се најде во тимот на неделата во Премиер лигата

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски се најде во најдобрата единаесетка, тимот на неделата во Премиер лигата.

Популарниот Џани имаше уште едно одлично издание во дресот на Лидс Јунајтед и тоа на пресметката против Вест Бромвич Албион каде учествуваше со прекрасен погодок во триумфот од 5-0. Оваа негова партија беше доволно за да се избори за место во идеалниот тим во изборот на „WhoScored“, тим во кој се уште пет негови соиграчи.

Со оглед на тоа што некои дуели поради коронавирусот беа одложени, ваквиот избор и доминација на Лидс во најдобриот состав на неделата и не е изненадување.

Претходна вестНови 536 случаи на корона вирус, починаа 15 лицa
Следна вестТинејџер нападнал полицаец во Кисела Вода