Темен режим Режим на светлина

Нова рудна база и современа инфраструктура за рудниците Злетово и Тораница

Рудниците Злетово и Тораница ќе влезат во нов развоен циклус во 2026 и 2027 година со амбициозна инвестициона програма, најави операторот „Булмак 2016“. Целта е да се зајакне рударската активност, да се модернизира производството и да се обезбеди долгорочна стабилност на рудниците.

„Првиот столб на инвестициите е насочен кон детални геолошки и рударски истражувања за утврдување на нови рудни резерви. Ова ќе обезбеди поефикасно искористување на ресурсите и континуитет во производството за наредните децении,“ изјави директорот Тони Тоневски.

Во рамки на програмата се предвидени и изградба на современо јаловиште во Тораница, набавка на нова рударска механизација, модернизација на транспортните рампи и флотациските постројки, како и воведување современи геофизички испитувања. Со тоа, компанијата ќе обезбеди поголема продуктивност, пониски трошоци, повисока безбедност на работниците и усогласување со највисоките еколошки стандарди.

„Булмак 2016“ ја гледа иднината на рудниците не само во рудното богатство, туку и во довербата на локалните заедници и јавноста. Со овие вложувања, Злетово и Тораница треба да продолжат да бидат двигатели на локалниот развој и стабилни рударски центри со сигурна иднина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Нова детска градинка во Дексион, и уште 4 други во новиот мандат во Ѓорче Петров најави Стојкоски

Следна објава
Со 3,06 промили алкохол навредувал полиција во Велес

Жена ограбена во својот стан во Центар