Новиот директор на ЗОО Скопје Илевски: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа

Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа, соопшти денеска новиот в.д.  директор на Зоолошката градина во Скопје Драган Илиевски.

Во изјавата за медиумите тој наведе дека верува во програмата на Град Скопје.

-Во екстремно партизирано општество како нашето, свесен сум дека ретко се дава шанса на човек кој е професионалец да води институција, а особено на одговорна позиција како оваа. Јасно и недвосмислено ги демантирам пласираните дезинформации дека некогаш сум бил член на било која партија, вклучително и на ГРОМ. Имам повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор и магистер сум по економија. Верувам во програмата на град Скопје и во заложбите за професионализација и департизација, како што и верувам дека избор на човек како мене кој е непартиски и професионален кадар може да придонесе за позитивни промени, порача тој.

Претходна вестСДСМ: Мицкоски нарачува анкети за да си ја задржи фотелјата
Следна вестСончево и топло, попладне дожд и грмежи