Објавен е репертоарот за мај на Театарот за деца и младинци, претстава на 8 и 15 мај

Продолжуваат претставите на репертоарот на Театарот за деца и младинци. Во сабота, на 8 мај со почеток во 12.30 се игра „Некој нека им каже дека сум важен“. Работена е според приказната „КURT QUO VADIS?” на Ерлeнд Лу.

Следната сабота, на 15 мај на репертоарот е „Лакомата меца“, почнува во 12.30 часот,а е наменета за најмалите, бидејќи се зборува за основните бон-тон правила во јадењето на оброците.

Претходна вестАквадуктот плачел гледајќи колку Охрид е посигурен откако Владата го штити
Следна вестГаличник, Берово…, а само што се покачија температурите