Темен режим Режим на светлина

Облачно и студено со повремени врнежи

Времето денес променливо облачно со силен северен ветер Времето денес променливо облачно со силен северен ветер

На подрачјето на Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени слаби врнежи од дожд, на планините и некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде од – 2 до 4 степени, а максималната температура од два до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 1 до 8 степени.

И утре ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Две лица нападнале вработен и ограбиле бензиска пумпа

Следна објава

Битолчанката Налча диригирала со машки хор уште во 1933 година, а била и прва професионална актерка