Од 12 до 15 октомври ќе трае фестивалот на европска литератира „Букстар“

Почнувајќи од 12 па се до 15 октомври ќе трае седмиот по ред книжевен фестивал во Македонија, „Букстар“. Како и претходните изданија, фокусот е на промоција на европската литература.

-На фестивалот досега учествувале над 30 писатели од буквално сите делови на Европа од Исланд до регионот, од Италија до Шведска. Секоја година се обидуваме да конкретизираме тема на фестивалот, прво е еден вид на слоган и е во дослух со тековните општествени или социјални случувања. Низ годините сме имале разни инспиративни и креативни слогани, а оваа година тоа е „Џенрезис“ (Genresis), што е нов збор, или кованица од ‘Genesis’ – Постанок и жанрови, нормално ова што ни се случува со ковидот стана еден наратив со кој ќе живееме веројатно подолго време и заслужува да го преиспитуваме и во склоп на самата литература. Ќе имаме дебата која ќе биде во знакот на жанровите, како оваа ситуација со ковидот се рефлектира на литературата, влијае на стилот на пишување, вели за Утрински брифинг, Жарко Кујунџиски, писател и уредник на издавачката куќа „Антолог“, кој го организира фестивалот.

Македонските автори оваа година ќе ги претставува профеосорот Влада Урошевиќ.

Претходна вестСо општата кампања ги кријат конкретните локални проблеми
Следна вестЗлатен медал за Дејан Недев на ЕП во Катовице во карате