Од 8.30 до 12.30 часот ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска, 14.05.2023 (недела) од 08.30 до 12.30 часот поради одржување на триатлон натпревар, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Стартно-целната позиција на натпреварот е Спортскиот центар „Борис Трајковски“, а натпреварувачите ќе се движат на дел од улиците околу СЦ „Борис Трајковски“ и дел од булеварот Илинден (десна коловозна лента), потоа на потегот од крстосницата со булеварот 8 Септември до крстосница со улицата Никола Парапунов и обратно.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Претходна вестШведска со Лорин и песната „Тату“ победи на Евровизија 2023
Следна вестПолицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески, по мечот меѓу Вардар и Пелистер