Темен режим Режим на светлина

Од Кабул синоќа се вратија 31 македонски државјанин, на транспорт чекаат уште 58

Вкупно 31 македонски државјанин синоќа простигнаа на скопскиот аеродром откако беа евакуирани од авганистанската престолнина Кабул.

Претходно, тие беа префлени од Кабул во Доха.

Овие лица кои главно работеа на сервисирањето на воената база беа пречекани од членовите на нивните семејства.

Тие изјавија дека по повлекувањето на трупите на НАТО во Авганистан биле затворени во база и немале директен контакт со она што се случува во градот кој го презеле талибанските воени сили.

Транспорт до Македонија чекаат уште 58 лица кои сега се наоѓаат во Лондон, Катар и Осло.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од утре ќе се издаваат нови лични карти

Следна објава

180 сообраќајни прекршоци во Скопје, 80 санкции за брзо возење