Темно Режим Светло Режим

Од Владата зачудени кого чекал синдикалецот Трендафилов, ако веќе има закажано средба со УПОЗ за в четврток

Темата за покачувањето на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите други за по 100 евра е актуелна и денеска. Претседателот на Синдикатот Слободан Трендафилов објави фотографија како седи на маса и чека претставник од Владата да преговара.
„Се разобличија лагите кои претставникот на Владата ги изјавуваше изминатите денови за да створат сомнеж кај
работниците, денеска не дојде како што го поканивме”, напиша тој.

Од Владата пак зачудени соопштија: „Не знаеме кого Трендафилов чекал, но едно е кристално јасно, социјалниот дијалог за нас е сериозна и одговорна државна политика, а не средство за политички театар и парадерство пред камери”.

Од Владата информираа и дека веќе е закажана средба на премиерот Мицкоски со претставници на синдикатот на УПОЗ за в четврток во 16.45 часот и тоа во просториите на Владата.

Advertisement

За средбата потврдија и од Синдикатот на УПОЗ, од каде што посочија дека Владата, веднаш излегла со понуда за зголемување на платите на работниците во управата и правосудството по протестот одржан на 28 јануари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Додик е убеден дека 15-тина држави веднаш би ја признале Република Српска ако прогласи независност

Следниот Пост

Обвинители, судии и адвокати во Нови Сад на протест поради новите судски закони