Темен режим Режим на светлина

Ограбена фабрика за марихуана

Истрага за марихуаната се уште трае, јавноста чека многу одговори Истрага за марихуаната се уште трае, јавноста чека многу одговори

Фабрика со марихуана била ограбена во гостиварското село Чегране. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

– Вчера околу 23:00 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во фабрика за марихуана за медицински цели во атар на с.Чегране, гостиварско, три лица физички нападнале вработен како обезбедување и му одзеле пари и лични предмети, по што со закана со пиштол го затвориле во една просторија, информираат од МВР.

Според пријавеното, откако си заминале, тој излегол и забележал дека капијата од фабриката била отворена и дека две врати од внатрешниот дел биле искршени.

Во консултација и координација со јавен обвинител, увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и било утврдено дека од внатрешноста на објектот лицата одзеле 41 вреќа со вкупно 552,85 килограми марихуана.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, ќе прават генерална проба за самитот на ОБСЕ

Следна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Облачно со врнежи од дожд и снег