Темен режим Режим на светлина

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, ќе прават генерална проба за самитот на ОБСЕ

Утре ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје, поради самитот на ОБСЕ. Од МВР апелираат да се почитуваат наредбите од полицијата.

– Министерството за внатрешни работи информира дека утре од девет до 12 часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година во СРЦ „Борис Трајковски“. кој ќе се одржи од 29.11.2023 во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Имено за сообраќај ќе бидат затворени следните улици: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Љубљанска“ и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, информираат од МВР.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Убиена 18-годишна девојка поради објавена фотографија на социјални мрежи

Следна објава
Истрага за марихуаната се уште трае, јавноста чека многу одговори

Ограбена фабрика за марихуана