Темен режим Режим на светлина

Општина Центар и годинава со помош на Црвениот Крст ќе овозможува бесплатен транспорт до болница на лица кои користат ортопедско помагало

Општина Центар и годинава со помош на Црвениот Крст ќе овозможува бесплатен транспорт до болница на лица кои користат ортопедско помагало Општина Центар и годинава со помош на Црвениот Крст ќе овозможува бесплатен транспорт до болница на лица кои користат ортопедско помагало

Општина Центар и Црвениот крст потпишаа договор за продолжување на соработката за користење на услугата за бесплатен транспорт до здравствените установи.

Градоначалникот Горан Герасимовски, истакна дека станува збор за проект кој се покажа како значаен и корисен, и ги повика граѓаните кои имаат потреба од ваква услуга активно да ја користат.

Услугата подразбира бесплатен превоз до здравствените установи со наменски возила на Црвениот крст за лица над 18 години кои користат ортопедско помагало и живеат на територијата на Општина Центар, како и лица над 18 години кои не користат ортопедско помагало, но поради болест се во лежечка, односно неподвижна состојба.

Корисниците имаат право на бесплатен превоз во еден правец максимум 10 пати во текот на една година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Земјоделци остануваат на блокадата на Ибарска Магистрала, најавени се протести и на други патишта во Србија

Земјоделци остануваат на блокадата на Ибарска Магистрала, најавени се протести и на други патишта во Србија

Следна објава
Почна изградбата на нова спортска сала со трибини во училиштето „Димо Хаџи Димов” во Карпош

Почна изградбата на нова спортска сала со трибини во училиштето „Димо Хаџи Димов" во Карпош