Темен режим Режим на светлина

Поднесено обвинение за пожарот во дивата депонија во Визбегово од минатото лето

Поднесено обвинение за пожарот во дивата депонија во Визбегово од минатото лето Поднесено обвинение за пожарот во дивата депонија во Визбегово од минатото лето

Тројца сопственици и управители на фирма ќе одговараат за сериозно загадување во скопско Визбегово, откако обвинителството поднесе обвинение поради незаконско складирање опасен отпад што доведе до голем пожар и масовно загадување на воздухот.

Според обвинението, од крајот на февруари до почетокот на јули минатата година, обвинетите без дозвола складирале и управувале со опасен отпад на парцела во Визбегово. На 9 јули 2025 година на локацијата избувнал пожар кој, поради обемот и ризикот, не можел веднаш да биде ставен под контрола. Дел од отпадот изгорел, при што во воздухот се издигнал густ црн чад. Мерењата на надлежните служби потврдиле значително загадување.

Обвинети се управителката и сопственичка на фирмата, која заедно со уште едно лице активно учествувала во незаконското работење. Обвинение е поднесено и против уште една сопственичка на фирмата и на парцелата, која според обвинителството требало да биде свесна за ризиците што ги носи складирањето ваков отпад.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Мицкоски: Ќе се најдат зад решетки сите битанги што се занимаваат со криминал

Мицкоски: Инфлацијата ќе се стабилизира под 3 проценти, водиме домаќински политики

Следна објава
Во новите катни гаражи во скопскиот Клинички центат ќе може преку апликација однапред да се резервира паркинг место

Во новите катни гаражи во скопскиот Клинички центат ќе може преку апликација однапред да се резервира паркинг место