Темно Режим Светло Режим

Општина Центар казнува паркирање на зелени и јавни површини

Општина Центар казнува паркирање на зелени и јавни површини Општина Центар казнува паркирање на зелени и јавни површини

Општина Центар започна засилени контроли на непрописно паркирани возила на јавни и зелени површини. Комуналните инспектори и редари на терен оставаат известувања за сторен прекршок на секое возило кое е паркирано спротивно на правилата.

За ваквиот прекршок е предвидена казна од 50 евра во денарска противвредност, согласно Законот за комунални дејности и Одлуката за комунален ред на општината. Граѓаните кои ќе добијат прекршочен налог треба да го подигнат во Секторот за инспекциски работи на Општина Центар (барака 6А).

Доколку казната се плати во рок од осум дена, се плаќа половина од предвидениот износ. По истекот на овој рок следува целосна наплата и поведување прекршочна постапка пред надлежен суд.

Од Општина Центар велат дека контролите ќе се спроведуваат доследно и без исклучоци, со цел да се заштитат јавните и зелените површини и да се подобри безбедноста на пешаците. Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека одржувањето на редот во сообраќајот и заштитата на урбаната средина се приоритет, а граѓаните се повикани да ги почитуваат правилата и да придонесат за поуредна општина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
Додик: Следен чекор е одвојување на Република Српска како самостојна држава

Додик: Следен чекор е одвојување на Република Српска како самостојна држава

Следниот Пост
Истрага за марихуаната се уште трае, јавноста чека многу одговори

Истрага за марихуаната се уште трае, јавноста чека многу одговори