Темен режим Режим на светлина

Општината бесплатно ќе ги учи карпошани на самоодбрана

Општината бесплатно ќе ги учи карпошани на самоодбрана Општината бесплатно ќе ги учи карпошани на самоодбрана
Woman rebuffing man, self-defense courses for women, stop domestic violence

Од идната среда општина Карпош стартува со реализацијата на проектот
„Фитнес и самоодбрана за жени и мажи“.


Во објава на Фејсбук, оттаму информираат дека овој проект е дел од
програмските активности од областа на еднаквите можности меѓу жените и
мажите за 2026 година, а реализатор на активноста е полицискиот боречки
клуб „Базбедност“ од Скопје.


„Тренинзите ќе ги води искусен тим од стручни кадри, а програмата е
осмислена на начин да им овозможи на учесниците не само физичка
кондиција, туку и практични знаења за лична безбедност и самоконтрола“,
посочија од Општината.


Во рамки на овој проект, покрај тренинзите во спортската сала,
предвидени се и активности на отворено: четири тренинзи на Кејот на
реката Вардар и во Градскиот парк, како и четири спортско-рекреативни
искачувања на планината Водно.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Владата го поддржа БРТ проектот во Скопје со 70 милиони евра

Владата го поддржа БРТ проектот во Скопје со 70 милиони евра

Следна објава
Кисела Вода им објави војна на хаварисаните возила

Кисела Вода им објави војна на хаварисаните возила