Две близначиња лемури се родија во Зоолошката градина во Скопје, кои
веќе го разубавуваат живеалиштето со својата разиграност и љубопитност,
соопштија денеска од ЗОО Скопје.
Оттаму посочуваат дека лемурите, кои потекнуваат од Мадагаскар живеат во
групи, комуницираат со звуци и мириси, а мајките се исклучително
грижливи, носејќи ги своите младенчиња постојано со себе. Кај лемурите
владее матријархат, односно женките се главни во своите групи.
Пред малите лемури, на средината на март Зоолошката градина доби и друг
нов жител – бебе пингвин од загрозениот вид хамболт.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





