Темен режим Режим на светлина

Овои буквално се, Хакими е играч на годината во Африка

Предвидувањата што кружeа во фудбалската јавност се покажаа точни: Ашраф Хакими, на само 27 години, е прогласен за африкански фудбалер на годината за 2025. Со ова признание, мароканската ѕвезда го наследува Адемола Лукман и стапува во друштвото на легендите, станувајќи првиот играч од Мароко што ја освојува оваа награда по Мустафа Хаџи во далечната 1998 година.

На свечената церемонија, Хакими не го криеше емоционалниот момент, нагласувајќи дека успехот не е само негов: „Голема чест е да бидам овде. Овој трофеј го посветувам на сите марокански деца кои сонуваат да станат фудбалери. Нека ова биде доказ дека секој сон е достижен.“

Иако Мохамед Салах имаше извонредни квалификации и останува еден од најдоминантните африкански играчи на својата генерација, Хакими – со триплетата освоена со ПСЖ оваа сезона – влезе во изборот како апсолутен фаворит. На крајот, неговите настапи и трофеи ја наклонија вагата во негова корист и му го донесоа најголемото индивидуално признание на континентот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Еруптираше познат вулкан во Индонезија, најмалку 900 лица се евакуирани

Следна објава
Зеленски: Разговорите во Абу Даби треба да доведат до траен мир

Само Трамп и САД имаат моќ да стават крај на војната во Украина, кажа Зеленски