Партијата на Орбан ја напушти ЕПП

Унгарската владејачка десничарска партија Фидеш денеска ја напушти Европската народна конзервативна група (ЕПП) во Европскиот парламент, соопшти премиерот Виктор Орбан.

Во писмото до лидерот до пратеничката група на ЕПП Манфред Вебер Орбан го известува дека европратениците од Фидеш поднесуваат оставки од своето членство во групата на ЕПП.

Ова уследи откако денеска ЕПП усвои промена на правилата, со кои Фидеш е суспендирана, а Орбан пред два дена најави дека попрво ќе излезат од ЕПП, отколку да го прифатат тоа.

Минатата недела, Вебер и другите лидери на партиите во ЕПП се согласија за нови правила за суспензија што ќе им овозможи да казнат цела партија-членка, а не само еден член.

Фидеш веќе е суспендирана од членството од март 2019 година, но нејзините членови сè уште учествуваа во работата на ЕПП во Европскиот парламент.

Претходна вестНемате работа? Може да бидете попишувач, објавен уште еден конкурс
Следна вестШар Планина на пат да стане четвртиот национален парк и прв по 63 години