Шар Планина на пат да стане четвртиот национален парк и прв по 63 години

Дел од Шар Планина ќе биде прогласен за национален парк, односно за заштитено подрачје во категорија II, со што земјава ќе го добие четвртиот национален парк, по прогласување на последниот во 1958 година.

За да се оствари ова, Собранието треба да изгласа закон, чиј предлог вчера е усвоен од Владата.

Прогласувањето за национален парк, ќе значи заштита на природните убавини и вредности, разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности.

Доколку биде усвоен овој закон, земјава ќе го добие првиот национален парк од прогласувањето на независноста.

Вкупната површина на национални паркови на национално ниво ќе изнесува 13,2 отсто од територијата на државата.

Претходна вестПартијата на Орбан ја напушти ЕПП
Следна вестВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог-закон за поништување на Законот за попис