Темен режим Режим на светлина

Пелистер претрпе дебакл за крај на сезоната во АБА2!

Кошаркарите на Пелистер претрпеа елиминација уште на стартот од плејофот во АБА2 лигата, откако на завршниот турнир во Домжале загубија од домаќинот Хелиос со убедливи 101:47.

Избраниците на Марјан Илиевски не беа ниту близу до достоен ривал на овој меч, а победникот беше познат уште по првото полувреме кога противникот поведе со 56:22. Во составот на Пелистер недостасуваа двајцата клучни играчи Карутерс и Карпентер, кои имаа проблеми со документацијата и не ја напуштија Македонија.

Најефикасен во тимот од Битола беше Сеад Хаџифезовиќ со 17 поени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Истрага за марихуаната се уште трае, јавноста чека многу одговори

Полицијата најде марихуана и кокаин кај охриѓанец

Следна објава

Mалолетник со скутер удрил мајка и дете на пешачки премин