Пендаровски прикочи, ќе успори ли и Владата околу бугарското вето?

„Датумот“ и следната година ќе биде една од главните теми кои ќе ги верглаат политичарите. Веќе сега земаат залет најавите како ќе се решава кревањето на наметнатото бугарскот вето за македонските евроинтеграции. И веќе сега како да се гледа дека тоа нема да биде брзо и во наредниве месец – два.

Која ќе биде брзината на преговарачката композиција од македонската страна? Возот дали ќе се управува во две брзини? Владините претставници олицетворени во министерот за надворешни работи Бујар Османи очекува што побрзо решение, можеби веќе во јануари. Но, од вчера, по годишното обраќање на македонскиот претседател Стево Пендаровски, јасно е дека има и ставови со кои не треба да се брза во „возењето“.

– Брзањето не ви е секогаш најдобриот сојузник. Наместо тоа, треба да бидеме опседнати со клучните реформи дома од кои зависи квалитетот на животот на нашите граѓани. Се залагам за внимателен и обмислен пристап во преговорите, без нагли пресврти, затоа што се работи за прашање од апсолутно највисок национален интерес, рече Пендаровски.

Ќе успори ли и Владата?

Од Софија, пак, доаѓаат пораки дека нивната политика кон Макеодноја останува иста, а дека „надградувањето“ кое го најави новиот премиер Петков е само „промена на технологијата“. И тој најави дека нема да се брза.

Од досегашни најави дека „сигурно еве наското“ се очекува кревање на ветото и добивање на „датум за преговори“ македонската јавност имаше само разочарувања. Оттаму, би било добро очекуваното забавување да се искористи за „престројување“ на наша страна околу начинот на водењето на преговорите. А тоа подразбира, како поголема транспарентност, така и вклучување на што поголем круг на личности кои ќе бидат во возот. Првенствено се мисли на претставници на опозицијата, која досега воопшто не е вклучена во тој процес.

Проширувањето е потребно и во македонскиот дел од заедничката Комисија за историски прашања со Бугарија, посебно по оставката на историчарот Ванчо Ѓорѓиев. Со така проширениот кредибилитет, решението до кое би се дошло би можело да влезе и во македонското Собрание за потврдување со оглед дека се работи за важни прашање за нацијата и државата.

А што ќе преземе ЕУ за да си ги исполни ветувањата кон Македонија како и за почитувањата на основните права на македонскиот народ, е тоа ќе видиме наредната година. До сега цело време ни кажуваат дека многу не сакаат и дека портите кон ЕУ ни се отворени, ама..

Претходна вестНајновата монографија посветена на Прличевите беседи ќе биде промовирана во февруари
Следна вестАрсовска менува директори, а кога на ред ќе е средувањето на градската администрација?