Темен режим Режим на светлина

По собраќајката во делчевско повредените на домашно лекување

На домашно лекување се пуштени три повредени лица во синоќешната сообраќајка во делчевско. Во незгодата која синоќа се случи помеѓу две возила на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово кај делчевското село Стамер, повредени беа три лица кои со возило на Итната помош беа префрлени во најблиските клинички центри.

Според информациите на Итната медицинска помош, повредените по укажаната интервенција се пуштени на домашно лекување.

-Кај повредените беа дијагностицирани повреди на појасна кичма со колкови, повреда на глава со повредна рана и повреда на вратна кичма со повреда на глава. По укажаната интервенција, тие се во добра состојба, информираа од ИМП Делчево.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
СДСМ: Мицкоски по примерот на Вучиќ одлучи апсолутистички да владее со Партијата

СДСМ: Наместо зеленило, бетонизација во Лисиче, ВМРО ДПМНЕ ги изневери граѓаните

Следна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Кобно излетување од патот за возачот од Враништа