Почна летното сметање на времето

Со поместувањето на стрелките на часовниците од 2 на 3 часот ноќеска започна летното сметање на времето.

Летното сметање на времето ќе биде на сила до 29 октомври, во 3 часот.

Одлуката за промена на времето од зимско во летно ја донесе Владата на последната седница одржана на 21 овој месец.

Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето за прв пат е направено во 1916 година, во земјите на северот на Европа, поради заштеда на енергија. Летното сметање на времето во поранешна Југославија, а со тоа и во Македонија, е воведено на 27 март 1983 година.

Претходна вестОд патарини лани собрани 53, 2 милиони евра, намалувањето на цената никој не го спомнува
Следна вестРусија ќе распореди нуклеарно оружје во Белорусија