Темен режим Режим на светлина

Почна протестот во Охрид: Срамота за Македонија што ова го дозволуваат

Почна протестот во Охрид пред бугарскиот културен клуб со провокативно име „Цар Борис Трети“. Насобрани се многу граѓани пред зградата каде според најавите треба да биде отворен клубот денеска напладне.

-Срамота за Македонија и за сите што го дозволуваат ова, рече присутен демонстрант, пренесува Макфакс.

На протестот има присутни на кои не им пречи отворањето на клубот, туку името што го сметаат за провокација бидејки се работи за бугарски соработник и сојузник со Хитлер копј ја окупирал Македонија во Втората Светска војна.

-Со фашисти не сме исти, ние сме антифашисти, е еден од повеќето транспаренти на протестот.

Во Охрид има засилено полициско обезбедување, а во моментот дел од насобраните граѓани се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон. Пцовки доаѓаат од двете страни и од демонстрантите и од присутните во клубот.

Протестот е поддржан од „Левица“ и од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Левица ја поднесе иницијативата за референдум

Следна објава

Бошков: Опасна претпоставка е дека поради енергетската криза ќе се отпуштат 350.000 работници