Темен режим Режим на светлина

Попладне земете чадор, се очекуваат врнежи

Попладне земете чадор, се очекуваат врнежи Попладне земете чадор, се очекуваат врнежи

Нови врнежи од дожд се очекуваат од денеска попладне. Претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, засилен ветер од југоисточен правец со брзина над 60 километри на час.

Максималната дневна температура ќе се движи од 17 до 22 степени.

Во Скопје, претпладне ќе биде сончево, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 21 степени.

Врнежите од дожд ќе се задржат до четврток кога се очекува да бидат пообилни во источните делови кога ќе има и појава на ретки грмежи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Утрово без струја во дел од Карпош и Аеродром

Без струја денеска неколку улици во Скопје

Следна објава
Иранските државни медиуми објавија мапа и упатство за бродовите што пловат низ Ормутскиот теснец

Германија, Италија, Франција и Шпанија го одбија повикот на Трамп за заедничка блокада на Ормутскиот теснец