Темно Режим Светло Режим

Пратеник на Партијата за слобода и правда претепан на протест во Белград

Вечерва на улица Кнез Милош во центарот на Белград избила тепачка меѓу демонстранти и група лица за кои, според првичните неофицијални информации, се тврди дека се поврзани со Српската напредна странка (СНС).

Партијата за слобода и правда (ССП) соопшти на социјалната мрежа X дека нивниот пратеник Пеѓа Митровиќ бил претепан од групата напаѓачи.

-Пратеникот Пеѓа Митровиќ беше претепан од тепачите на Српската напредна партија. Удрен е во главата со шипка и неколку пати по телото. Во моментов е на пат кон болница, објави ССП.

Протести против власта се одржуваат и вечерва низ цела Србија. Репортер на Н1 јави дека поддржувачите на СНС фрлале пиротехнички средства кон граѓаните, преку кордоните на жандармеријата, во близина на зградата на Генералштабот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Повеќе од 330 портали, телевизии, радија и весници пријавени за платено политичко рекламирање за локалните избори

Следниот Пост

Ослободен е Украинец, кого Русите го држеле 4.000 дена во заробеништво