Во текот на оваа недела пратениците конечно ќе се вратат во пленарната сала за да ја продолжат расправата по некоја од заостанатите пленарни седници.
Така барем договориле денеска на редовната понеделничка координативната средба координаторите на пратеничките групи и потпретседателите со собранискиот претседател Талат Џафери.
На координативната средба не присуствувале координаторите на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, кои подолго време не одат на овие средби, но кои имаат неформална комуникација со Џафери за работата и активностите на Собранието.
Дали догворот ќе се спроведе во пракса засега не се знае, бидејќи на веб-страницата на Собранието се уште нема закажано ниту една од тие седници.