Премиера на „Диши“ денеска во Драмски театар

„Диши“ е насловот на театарската претстава која денеска, точно на пладне премиертно се изведува во Драмскиот театар во Скопје. Улогите ги толкуваат Јасмина Василева и Димитрија Доксевски.

Претставата е по текст на Данкан Мекмилан, а во режија на Димче Николовски – Димсата.

-„Диши“ е прекрасен предизвик кој не дозволува да му се доближиш без сериозно истражување на повеќе области при сценската реализација. Секое истражување мора во себе да содржи и преиспитување. „Диши“ како да живее низ преиспитување. Прекрасен процес, супер соработници, едноставно уживање. Се надевам дека и публиката ќе почувствува барем еден дел од тоа наше уживање, вели режисерот на претставата.

Препораките се заинтересираните посетители да пристигнат порано или прво да се јават во Драмскиот театар, заради почитување на здравствените протоколи.

Претходна вестЛоши луѓе: Украдени дрвца во Бутел, уништени клупи во Гази Баба…
Следна вестПроменливо облачно со температура до 13 степени