Претпладне сонце, попладне локални дождови и грмежи

На подрачјето на Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 6 до 14 а дневната од 16 до 30 степени.

Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Изутринина температурата ќе достигне 10 а дневната 28 степени.

 

Претходна вестИвановски елиминиран од турнирот во Скопје
Следна вестДен на Светите Кирил и Методиј: Од старите јужномакедонски говори го направија првиот книжевен јазик на сите Словени