Темен режим Режим на светлина

Претрес во Кавадарци, пронајден хероин

Во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање и спречување на недозволената трговија со дрога и улично дилерство на 27.11.2021, по претходни оперативни сознанија и судска наредба, полициски службеници од ОВР Кавадарци извршиле претрес во дом кај М.А.

и В.М.

во Кавадарци, при што се пронајдени околу 150 грама хероин, повеќе пакувања подготвени за продажба.

Одземено е и возило “алфа 159 “ како и парчни средства за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.

В.М. е лишена од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок до надлежното обвинителство, соопштија од МВР.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Кого штити власта за автобуската несреќа?

Следна објава

Без струја утре дел од Зелениково и Студеничани