Темно Режим Светло Режим

При гасење пожар повредена директорката на шумското стопанство во Куманово

Директорката на шумското стопанство во Куманово при гаснење на пожарите во општина Старо Нагоричане во близина на селото Длабочица била повредена при што итно била хоспитализирана и подложена на тешка операција.

Благодарение на целиот персонал на кумановската болница, операцијата поминала во најдобар ред и Катица е добра.

За ова извести заменик директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов кој ја посети колешката и потсети колку голема хероина е таа.

– Она кое што морам да го напишам е дека за мене, нашата колешка Катица, не само што е самохрана мајка и директорка на шумското во Куманово, не само што е моја прекрасна колешка, за мене Катица е хероина на која треба да се огледаат многумина. За мене лично, ако илинденците на крајот на 19-от век, а партизаните на средината на 20-от век се хероите во нашата историја, ваквите како Катица се хероите на почетокот на 21 век. Тие херои се луѓето кои на било кој начин ги жртвуваат својот мир и спокој, луѓето кои ги жртвуваат своето здравје и живот за доброто на Македонија и сите нејзини граѓани. Оваа слика нека одзвучува во мислите на секој оној кој намерно или ненамерно ќе запали оган и ќе предизвика пожар, напиша тој на својот фејсбук профил споделуваќи фотографија од посетата на повредената колешка.

Оваа слика нека биде поттик за она кое не треба за се прави, а уште поголем поттик поради тоа што недај Боже може да се случи.

– “Колеги, Вашата храброст најчесто се граничи со лудост” – напишав пред некој ден, а сега повторно гласно ги повторувам тие зборови кои се однесуваат не само на Катица, туку на сите наши колеги од ЈП “Македонски Шуми”, вели Михаилов.

Претходниот Пост

Гала концерт „Од #MOБ за Скопје“ на платото пред Националната опера и балет

Следниот Пост

ВМРО-ДПМНЕ: 120 нови електронски услуги, признавање на електронските документи