Полицијата соопшти дека уапсила 46-годишен жител на Штип кој лажно се претставувал како полициски службеник и дивеел низ градот. Инцидентот се случил вчера во Штип.
Околу 8 часот, пред влез на средно училиште во градот, осомничениот сопрел возило „пежо“ со штипски регистарски таблички. Се претставил како полициски службеник и извршил лажен претрес во возилото.
Потоа го одзел службеното возило од возачот и се упатил кон населбата Ново Село. Додека се движел низ градот, 46-годишникот предизвикал сообраќајна незгода на улицата Маршал Тито. Со возилото удрил во паркиран автомобил.
Продолжил кон центарот на Штип. Околу 08:45 часот на улицата Сутјеска пресретнал жена која шетала куче. Според полицијата, тој насилно и го одзел кучето и побегнал.
По преземени мерки од страна на полицијата, возилото било лоцирано, а осомничениот бил уапсен. При пасењето бил повреден еден полицаец.



