Тројца мажи од Скопје се уапсени откако нападнале 23-годишна велешанка и 26 – годишен скопјанец во нивниот дом, при што употребиле електрошокер и тврд предмет.
Според информациите од полицијата, инцидентот се случил окако 26-годишен скопјанец дошол во домот на својата поранешна партнерка од Велес.
Тој најпрво физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен партнер.
Наскоро во нападот се вклучиле уште двајца мажи од Скопје, на возраст од 30 и 43 години, кои дошле заедно со него.
Како што информира полицијата, тие го нападнале момчето и притоа употребиле електрошок и тврд предмет. По пријавата, полициски службеници ги привеле тројцата напаѓачи, кои подоцна биле спроведени во полициската станица во Велес.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




