Темен режим Режим на светлина

Пожар во прочистителна станица во кочанскиот крај, пожарникарите спречиле експлозија на метан

Пожар во прочистителна станица во кочанскиот крај, пожарникарите спречиле експлозија на метан Пожар во прочистителна станица во кочанскиот крај, пожарникарите спречиле експлозија на метан

Пожарите никако да го одминат кочанскиот крај. Овој пат пожар избувна во пречистителна станица за отпадни води во кочанското село Мојанци. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица во Кочани настанот се случил синоќа околу 20:30 часот, а во гаснењето учествувале осум пожарникари со четири противпожарни возила.

Пламените јазици се појавиле на инсталација на системот за пренос на метан, при што се запалиле цевки од системот. Благодарение на брзата интервенција на кочанските пожарникари било спречено проширување на огнот во балонот каде што се собира метанот и евентуално негово експлодирање.

Причините за пожарот што предизвика материјална штета допрва ќе се утврдуваат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Нема да се повлече предлог законот за високо образование, повеќе забелешки се внесуваат во текстот

Нема да се повлече предлог законот за високо образование, повеќе забелешки се внесуваат во текстот

Следна објава
Јавна расправа за „Усје“ – активистите бараат построги еколошки стандарди

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции