Темен режим Режим на светлина

Малолетничка нападната од соученички во Скопје, една го снимала инцидентот

Малолетничка нападната од соученички во Скопје, една го снимала инцидентот Малолетничка нападната од соученички во Скопје, една го снимала инцидентот

Полицијата работи на расчистување на случај на физичка пресметка меѓу малолетнички што се случил на подрачјето на општина Аеродром во Скопје.

Според информациите од МВР, на 12 март во 17:53 часот во СВР Скопје, 47-годишен скопјанец пријавил дека неговата малолетна ќерка била физички нападната од две нејзини соученички. Според пријавата, девојчињата биле во друштво со уште три малолетнички, при што една од нив го снимала настанот со мобилен телефон.

Следниот ден, на 13 март во 14:30 часот, друг скопјанец пријавил дека таткото на нападнатото девојче физички ја нападнал неговата малолетна ќерка, која претходно учествувала во нападот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Песков: Руските енергетски ресурси стануваат клучни во време на криза

Песков: Руските енергетски ресурси стануваат клучни во време на криза

Следна објава
Г.г. Стефан со потресна порака за жртвите во Кочани

Г.г. Стефан со потресна порака за жртвите во Кочани