Темен режим Режим на светлина

Не им се доволни македонските патишта, па „гас до даска“ и во Грција

Не им се доволни македонските патишта, па „гас до даска“ и во Грција Не им се доволни македонските патишта, па „гас до даска“ и во Грција

Очигледно не им се доволни македонските улици за „докажување”, па наши „тркачи” решиле да се покажуваат и надвор од граница. Додека дома секојдневно слушаме за „пациенти” што возат со огромни брзини, сега истата приказна се пресели и во Грција.

Полицијата во Кукуш уапсила 49-годишен македонски државјанин кој возел мотор со неверојатни 223 километри на час, на место каде што дозволеното е 110. Значи не малку побрзо – туку двојно од дозволеното, тамам за да се прашаш дали човекот мислел дека е на тркачка патека, а не на автопат Солун–Евзони.

Грчките полицајци не му аплаудирале за „храброста”, туку му ја одзеле возачката, таблиците и му напишале казна од 700 евра. Плус, следува и средба со обвинител.
Од полицијата дури објавиле и фотографии – и од моторот и од радарот, како сувенир за вакви „подвизи”.

И тамам кога ќе помислиш дека ваквото возење е локален проблем, ете ти доказ дека навиките си одат со човекот, каде и да оди.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Планиран прекин на струја во Центар, познати улиците и терминот

Делови од Скопје денеска без струја – проверете дали сте на листата

Следна објава
Израел тврди: Убиен висок ирански командант во напад

Израел тврди: Убиен висок ирански командант во напад