Врховниот суд го одбил барањето за вонредно преиспитување на пресудата на Васил Јованов, возачот кој на пешачки премин, минатата година во Скопје, ја прегази Фросина Кулакова. Потврдената казна од Апелациониот суд од 13 години затвор со ова е дефинитивна.
Јованов во првостепената постапка беше осуден на 12-годишна затворска казна, но скопска Апелација му ја зголеми казната за уште една година.
Сообраќајка се случи минатата годината, кога Јованов без возачка дозвола, под дејство на алкохол и на црвено светло удрил во Кулакова, која поминувала на зелено светло, при што таа почина на лице место.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:





