За 30 март е закажано првото рочиште на судскиот процес за Стојанче Јовановски, сопругот на Ивана Јовановска, која со 6-годишната ќерка падна од балкон во скопската населба Карпош. Јовановски е обвинет за три кривични дела: телесна повреда; загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство.
Според обвинението, Јовановски подолг период постапувал сурово и нечовечки кон жртвата, која била во зависна и подредена положба. По стекнување на сопственост над станот каде живееле, започнал со психичко и физичко малтретирање, кое ескалирало во 2025 година.
Обвинението наведува дека тој често ја тепал и навредувал Ивана, и тоа дома и на јавни места, дури и пред нивната малолетна ќерка, заканувајќи и се дека ќе ја избрка и ќе и го одземе детето.
Мајката и детето починаа по пад од балкон на зграда во Карпош на 2 март во близина на поранешна „Алумина“ во скопско Тафталиџе.





