Темен режим Режим на светлина

Интервенција со последици: Пожарникар повреден при гаснење пожар во Прилеп

Голем пожар кај Струга: Армијата се вклучи во гаснењето од воздух Голем пожар кај Струга: Армијата се вклучи во гаснењето од воздух

Пожар избувнал на улицата „Дебарца“ во Прилеп, при што биле зафатени куќа и помошна просторија во сопственост на прилепчанецот Д.Р., информираат од полицијата.

Настанот бил пријавен на 20 март околу 16:40 часот во ОВР Прилеп, по што на терен интервенирала Територијалната противпожарна единица. Пожарникарите успеале да го локализираат и целосно да го изгаснат огнот.

За време на интервенцијата, еден пожарникар се здобил со повреди. Станува збор за 53-годишен припадник на единицата од селото Крушеани, кој бил погоден од струен удар и веднаш бил пренесен во Градската болница во Прилеп за укажување медицинска помош.

Надлежните служби извршиле увид на местото на настанот, а се работи на утврдување на причините за избувнување на пожарот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
24. место за Стојоски на Светското првенство

24. место за Стојоски на Светското првенство

Следна објава
Сообраќајна несреќа во Скопје: Судир меѓу автомобил и мопед, повреден 17-годишник

Дете тешко повредено откако беше удрено од „тојота“ кај Радовиш