Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Г.Г. (34) од гостиварското село Чегране, под сомнение за уцена.
Според информациите од полицијата, приведувањето се случило вчера околу 21:55 часот во Гостивар, по пријава од оштетено лице од тетовско село. Осомничениот испраќал заканувачки пораки преку телефон и барал исплата од 5.000 евра, тврдејќи дека парите му се должат.
Воедно, тој се заканувал дека ќе објави снимка од разговор меѓу нив доколку не му бидат исплатени парите, со што дополнително вршел притисок врз жртвата.
Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




