Темен режим Режим на светлина

Обвинителството молчи: Нема нови информации за случајот во Зрновци

Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж Утрово во Батници запалени 3 автомобили во сопственост на правни лица, повреден 48-годишен маж

По вознемирувачкиот настан во Зрновци, на местото викано Ѓошевски орев, во близина на Зрновска река, каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање, надлежните институции засега не излегуваат со нови информации.

Од Јавното обвинителство информираат дека во овој момент нема детали што можат да се споделат со јавноста, додека истрагата е во тек.

Претходно, од Министерство за внатрешни работи потврдија дека случајот бил пријавен вчера околу 10:40 часот во СВР Штип и дека се преземаат мерки за негово целосно расчистување.

Од обвинителството соопштија дека телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта, како и идентитетот на починатата.

Неофицијални информации за состојбата во која е пронајдено телото засега не се потврдени од надлежните, кои апелираат да се почекаат официјалните резултати од истрагата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Груби останува под 24-часовен надзор, истрагата продолжува

Груби останува под 24-часовен надзор, истрагата продолжува

Следна објава
Парови откриваат: Малите промени во сексот го зголемуваат задоволството

Клучот за подобра врска: Комуникација и доверба