Темен режим Режим на светлина

Морничаво откритие кај Кочани: Женско тело најдено покрај река

Морничаво откритие кај Кочани: Женско тело најдено покрај река Морничаво откритие кај Кочани: Женско тело најдено покрај река

Мртво тело на жена е пронајдено денеска во кочанското село Зрновци, во близина на Зрновска река, информираат надлежните институции.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен околу 10:40 часот во СВР Штип. Телото било откриено на место викано „Ѓошевски орев“, а според првичните наоди, се наоѓало во фаза на распаѓање.

Од Обвинителството соопштија дека засега идентитетот на починатата жена не е утврден. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани извршил увид на местото на настанот, по што ќе биде наредена обдукција.

Надлежните посочуваат дека причините за смртта сè уште не се познати и се преземаат активности за целосно расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Со утрешните мерки, Владата ќе го ублажува евентуалното ново покачување на горивата во понеделник

Со утрешните мерки, Владата ќе го ублажува евентуалното ново покачување на горивата во понеделник

Следна објава
Срамна сцена во Скопје: Посетители краделе подароци од мајмунот Мики

Срамна сцена во Скопје: Посетители краделе подароци од мајмунот Мики