Скопјанец физички ја нападнал својата малолетна ќерка, удирајќи ја со тврд предмет, а потоа ја нападнал и сопругата која се обидела да ја заштити, информираат од полицијата. Случајот бил пријавен во СВР Скопје, по што полициски службеници презеле мерки и активности за расчистување на настанот.
Според информациите, насилството се случило во семејниот дом, при што мајката се обидела да интервенира и да го спречи нападот врз детето, но и таа била физички нападната.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




