Темен режим Режим на светлина

Лажен инспектор заврши во вистински притвор – со измама земал 3.000 евра од прилепчанка

Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец Украл автомобил, украл куче и дивеел низ Штип, уапсен лажен полицаец

Полицијата уапси 46-годишен маж од Скопје осомничен за измама, откако со лажна приказна успеал на жена од Прилеп да и земе 3.000 евра. Имено, тој, според информациите од МВР, телефонски ја контактирал жената и лажно се претставил како инспектор кој наводно работи во странство.
При тоа и соопштил дека нејзините внуци предизвикале тешка сообраќајна несреќа во која загинало дете и дека е потребна итна парична помош за
„да се среди случајот” и еден од нив да не заврши во затвор.

Исплашената жена поверувала во приказната и оставила 2.000 евра и 1.000 долари на договорено место, по што измамникот ги подигнал парите.
По преземени мерки од полицијата, лицето било пронајдено и уапсено.
Одреден му е притвор.
Ова не е прв ваков случај – со години наназад во Македонија се повторуваат слични телефонски измами во кои измамници, претставувајќи се како полицајци или службени лица, извлекуваат пари од граѓани користејќи страв и лажни приказни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Фалсификувани документи за „Мајбах“ – поднесена кривична пријава

Фалсификувани документи за „Мајбах“ – поднесена кривична пријава

Следна објава
Окта им даде попуст на трговците од 2 денари по литар гориво

ОКТА: Сите наши клиенти добија попуст и истиот е соодветно пресметан во фактурите