Темен режим Режим на светлина

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А–интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

Јавна расправа за „Усје“ – активистите бараат построги еколошки стандарди Јавна расправа за „Усје“ – активистите бараат построги еколошки стандарди

Соопштение на Титан УСЈЕ:

Согласно законските рокови, ТИТАН Усје ја поднесе апликацијата за продолжување на А -интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање. При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции.

Грижата за животната средина е основна вредност за ТИТАН Усје. Свесни сме дека заштитата на животната средина и квалитетот на воздухот предизвикуваат загриженост кај граѓаните и во нашето општество, како целина. ТИТАН Усје внимателно ја следи јавната дебата, сериозно ги сфаќа овие проблеми и дава транспарентен придонес кон нивно решавање.

Како одговорна и транспарента компанија, ТИТАН Усје работи согласно домашната регулатива и во своето работење ги применува најдобрите достапни практики во индустријата, кои важат и за компаниите од Европската унија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пожар во прочистителна станица во кочанскиот крај, пожарникарите спречиле експлозија на метан

Пожар во прочистителна станица во кочанскиот крај, пожарникарите спречиле експлозија на метан

Следна објава
Инцидент во „Комунална Хигиена”: Вработен нападнал колега од внатрешна контрола

Инцидент во „Комунална Хигиена": Вработен нападнал колега од внатрешна контрола