Темен режим Режим на светлина

Тешка сообраќајка во Скопје: Повредено четиригодишно дете

Тешка сообраќајка во Скопје: Повредено четиригодишно дете Тешка сообраќајка во Скопје: Повредено четиригодишно дете

Четиригодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила во Скопје, откако автомобил удрил во него.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија, настанот бил пријавен во СВР Скопје околу 17 часот. Несреќата се случила на улицата „Живко Фирфов“ во Скопје, каде патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски таблички, управувано од 41-годишен скопјанец, удрило во четиригодишното дете.

Во несреќата детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ – Скопје, каде што било пренесено за укажување медицинска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Инцидент во Скопје: Малолетник нападнат, испукан истрел кон него

Инцидент во Скопје: Малолетник нападнат, испукан истрел кон него

Следна објава
Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит

Вооружен маж убиен по напад на синагога во близина на Детроит